Modoars Piano Academy
Осн. 2021

Современо пијано образование за новата генерација

Нов, иновативен, забавен, едукативен метод на изучување пијано. Нудиме групни и индивидуални часови за деца од сите возрасти и часови за возрасни. Учениците редовно учествуваат на концерти, натпревари и забавни музички проекти во нашата земја, но и во странство. Нашата програма е создадена за секое дете да учи со радост, самодоверба и мотивација.

25+
Години во едукација
150+
Ученици
70+
Музички награди

Индивидуален пристап кон секое дете

Во Модоарс Пијано Академија го следиме развојот на секој ученик индивидуално, внимателно одбирајќи репертоар кој одговара на неговото ниво, водејќи сметка за совладување на сите технички и музички предизвици. За време на часовите учениците учат и солфеж и теорија на музиката. Кај учениците кои посетуваат повисоки нивоа на настава, користиме и дигитална апликација преку која го следиме редовното вежбање и напредокот на учениците.

Нашата предност

Зошто Modoars?

Спој на класична пијано едукација, современ репертоар и иновативен пристап, збогатен со многу музички предизвици.

star

Уникатен метод

Современ метод за учење пијано, со кој постепено и на забавен начин се изучуваат наставните единици.

groups

Формат на часови

Изберете помеѓу интензивни индивидуални часови или пак групни часови.

menu_book

Авторски книги

Учениците добиваат ексклузивен пристап до методските книги по пијано напишани од пијанистката Ема Попивода и дизајнирани од Саше Потевски.

festival

Концерти и натпревари

Редовни настапи и концерти на престижни сцени во Македонија, Италија, Австрија, Србија, Германија за вистинско сценско искуство и самодоверба.

Што кажуваат за нас:

format_quote

Моето искуство со пијано академијата Модоарс е од самите нејзини почетоци. Во Модоарс изучуваат пијано моите две деца.

Пристапот и материјалите, преку кои се поставуваат музичките темели кај децата, е многу забавен, интересен, иновативен, со интересни песнички создадени на ниво на децата, со коишто им се буди интересот за создавање на музика и изучување на пијаното како инструмент. Наставниците се за секоја пофалба, професионални и пристапни, а истовремено се грижат за децата како нивни најдобри другари и родители. Со тоа се создава еден посебен однос на доверба, кој им помага на децата да се чувствуваат слободни во комуникацијата и да можат да се препуштат на нотите на музиката.

Секој нов концерт и натпревар е можност учениците да покажат што научиле, а секоја освоена награда е уште еден поттик за нивно натамошно продолжување да свират пијано.

Во пијано академијата Модоарс се организираат и часови по пијано за возрасни, со што имате можност вашата желба да стане реалност, радоста на создавањето музика да биде во ваши раце и во рацете на професионалци.

ХК
Христина Коловска
мајка на Маријана и Марко
format_quote

Едноставно сме пресреќни и воодушевени од напредокот на нашата ќерка. Мојата ќерка има многу голема желба да свири, а за тоа се заслужни прекрасните наставници, интересната едукативна програма и целосната атмосфера во училиштето. Не ни помислувавме дека од апсолутен почетник Ева ќе свири на големи сцени. Неизмерно сме благодарни што сме дел од ова училиште.

Е
Елена
мајка на Ева
Апстрактен уметнички кадар од нотен запис со елегантни линии и длабоки бордо нијанси.

Започнете го вашето музичко патување денес

Бројот на места е ограничен. Навремено закажете го својот термин за час.