Modoars Piano Academy

Запознајте ги нашите наставници

Наставниците во нашето училиште се посветени и професионални пијано педагози кои постојано ја унапредуваат својата работа преку мастер класи и стручни предавања. Со љубов и професионалност, го поддржуваат развојот на секој ученик.

Ема Попивода
stars

Ема Попивода

Основач и концертна пијанистка

Ема Попивода е основач на Модоарс Пиано Академија и меѓународно призната концертна пијанистка со настапи на сцени низ целиот свет. Таа е професор по пијано на Музичката академија при УГД и активен изведувач, чија кариера опфаќа солистички и камерни ангажмани на бројни престижни фестивали и концертни сали во Европа, како и во Јапонија и САД.

Со повеќе од 25 години искуство во работа со деца, Ема ја гради својата педагошка филозофија врз практична и современа методологија, која ја применува во наставните програми на Училиштето по пијано Модоарс. Автор е на 5 сопствени методски пијано книги, создадени заедно со нејзината мајка Вивијан, додека илустрациите се дело на нејзиниот брат Саше.

Нејзиното богато меѓународно искуство и уметничка кариера директно се рефлектираат во наставата, како и во обуката и развојот на наставниот кадар во Академијата. Користејќи ги сите придобивки на модерното време, Ема успешно го поврзува светот на концертната сцена со едукацијата на младите пијанисти.

piano

Саше Потевски

Солфеж и теорија на музика

Саше Потевски потекнува од музичко семејство и е опкружен со музика уште од најмала возраст. Покрај пијано, свири и електричен бас и има активно искуство како член на повеќе бендови. Тој е значаен дел од креирањето на наставната програма по солфеж, теорија и историја на музиката, при што има изработено вкупно пет работни тетратки по солфеж по кои работат нашите ученици.

Со својата дружељубива природа, позитивна енергија и смисла за хумор, Саше е омилен наставник меѓу учениците. Неговиот шарм и работна посветеност се дел од препознатливиот дух на нашата академија.

Леонид Петрески
workspace_premium

Леонид Петрески

Наставник по пијано

Леонид Петрески е роден во Скопје, а музичкото образование го започнува на шестгодишна возраст во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Од најрана возраст настапува на сцена и освојува бројни награди на пијанистички натпревари во Македонија и во странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје како еден од најдобрите студенти на својата генерација, со просек 9.9. Во Модоарс Пиано Академија работи од самите почетоци и е препознатлив по својата посветеност, ненаметлив стил на работа и близок пристап со учениците. Неговите ученици редовно освојуваат награди на натпревари во Македонија и Италија, а дел од нив се добитници и на специјални гран-при награди и пехар.

music_note

Кратки прашања

Омилен композиторФранц Лист
Ако не бев пијанист ќе бевбиолог
Во слободно време најмногу сакамда вежбам во теретана
Кафе или чајдупло еспресо
Сара Сиљановска
edit

Сара Сиљановска

Пијано и теорија на музика, композитор

Сара Сиљановска ги завршува своите студии на Факултетот за музичка уметност, со насока теорија на музиката, каде активно изучува и пијано, а во моментот учи и композиција. Таа е амбициозна и посветена педагошка личност која се стреми кон работа до перфекција, истовремено негувајќи топол и пријателски однос со своите ученици. Резултат на нејзината работа се повеќе од 40 наградени ученици на државни и меѓународни натпревари во Скопје, Штип, Битола, како и на натпреварот во Сан Дона ди Пиаве во Италија. Покрај педагошката работа, Сара е и автор на сопствени композиции за пијано, како и композиции за други инструменти и музички состави. Нејзините дела се изведувани во Македонија и во странство, што ја потврдува нејзината активна улога како современ музички творец.

auto_stories

Кратки прашања

Омилена композиција за пијаноКонцерт за пијано и оркестар бр. 2 од Сергеј Рахмањинов.
Најомилена апликацијаSpotify.
Совет за вежбање кој начесто го давашРаче по раче, па после заедно, во мнооогу бавно темпо. Со точни прсти!
Најмногу сакам да пишувам музика за инструментотОбожавам да ги истражувам сите инструменти, но најзастапен инструмент во делата до сега ми е пијаното.
Кој дел од часот ти е омилен?Кога учениците ги знаат нотите на памет, па работиме фрази, динамики, агогики т.е. кога правиме музика🙂
Исидора Ангелеска
favorite

Исидора Ангелеска

Наставник по пијано

Исидора Ангелеска е апсолвент пијанист на Факултетот за музичка уметност во Скопје и активен музички педагог со долгогодишно искуство во работа со млади пијанисти. Како изведувач, таа има одржано солистички концерти во повеќе градови низ Македонија, како и настапи во Италија и Швајцарија. Во Модоарс Пиано Академија го води одделот во населбата Аеродром, каде што нејзината класа е препознатлива по големиот број талентирани и вредни ученици кои редовно настапуваат на концерти и освојуваат награди на домашни и меѓународни натпревари. Исидора има модерен и креативен пристап, поради што учениците ја обожаваат.

lightbulb

Кратки прашања

Омилено место за вежбањедома, во Прилеп
Која е твојата супер моќ како наставниктрпение, многу трпение
Омилен концерт на кој си присуствувала во живоконцертот на пијанистот Лукас Дебарг во Македонската филхармонија
Најдобра ужинка за пред настап ебанана, темно чоколадо и вода
Мојот скриен талент есакам да цртам
Бојан Димитровски
piano

Бојан Димитровски

Наставник по пијано

Бојан Димитровски е дипломиран пијанист на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што моментално ги продолжува своите студии по композиција. Покрај својата педагошка работа, тој е активен музичар и редовно настапува како солист и камерен изведувач. Посебно место во неговата уметничка дејност има соработката со Камерниот оркестар на Битола, каде што настапува како дел од ансамблот. Во Модоарс Пиано Академија е препознатлив по својот смирен, посветен и мотивирачки пристап кон учениците, како и по неговата креативност во изборот и адаптацијата на современи и филмски композиции за пијано, со што наставата ја прави уште поинтересна и инспиративна. Неговите ученици постигнуваат одлични резултати на натпревари, а една од неговите ученички е меѓу најнаградуваните во Академијата, со освоени високи први награди на натпревари во Македонија и Италија.

sentiment_satisfied

Кратки прашања

Првата композиција која ја научив еOld McDonald had a farm
Ако би бил композитор, тогаш би билСергеј Рахмањинов
Вежбање клавир наутро или навечернаутро
Омилен пијанистЕвгениј Кисин
Ако не бев пијанист ќе бевекономист
group_add

Сакате да бидете дел од нашиот тим?

Постојано бараме посветени инструктори кои сакаат да му се придружат на семејството Modoars.

Аплицирај за предавање